1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Есен - престолнина на културата во Европа во 2010

Ваква одлука, донесе специјалното жири на Европската Комисија, Есен во трката за престижниот наслов , се натпреваруваше со уште еден германски град -Герлиц , во источна Саксонија , кој имаше поднесено заедничка кандидатура со соседниот град во Полска, Згорцелец .

Фабрики и рудници претворени во културни сцени

Фабрики и рудници претворени во културни сцени

Градот Есен во рурската област во Германија е избран за европска престолнина на културата во 2010 година . Есен инаку беше претставник за целокупната рурска област и во фокусот на кандидатурата беше„ Културата како мотор за промена на еден индустриски регион со мултикултурен живот и висок процент на странски доселеници.

„Со јасен глас соопштуваме дека Есен и Рурската област ги предлагаме за европска престолнина на културата во 2010“ – ја соопшти одлуката на жирито на Европската Комисија , неговиот претседател Сер Џереми Ајзакс. Радоста беше голема во салата за пресконференции на Европската Комисија во Брисел. Членовите на делегацијата на градот Есен со прегратки и извици ја прославија одлуката на жирито.

Ханс Хајнрих Гросе Брокоф државниот секретар за култура во владата на германската покраина Северна Рајна Вествалија во која се наоѓа Есен и Руската област, притоа изјави:

„Мислам дека тоа е голем чекор напред за Рурската област, пред се кога станува збор за сопствената самодоверба и за единството на спротивностите“

Да се избере меѓу Герлиц , градот во чија околина се наоѓаат 4000 објекти под заштита на УНЕСКО и Есен не беше лесно-призна претседателот на жирито Сер Ајзак:

„ Ако беше тешко за Германците да се одлучат за еднииот или другиот град кандидат , и за нас беше подеднакво тешко да ја донесеме одлуката за една од двете извонредни кандидатури“

Драматичната промена во изминатиот период на Рурската област од една исклучиво индустриска околина со голем број рудници за јаглен во еден културен предел , беше одлучувачка за жирито на Европската Комисија во одлуката што ја донесе.

Есен инаку се кандидираше како претставник на целата Рурска област , регион со 5,3 милиони луѓе од околу 140 нации. И градот вложи напор , напуштените рудници и високи печки да ги претвори во институции за презентација на културата на регионот , кој по крајот рударството и тешката индустрија, требаше да прерасне во културна метропола . Есен истотака се презентираше како регион на доселеници со централна положба во Европа.

Титулата европска метропола на културата за 2010 луѓето од Есен меѓутоа ќе мора да ја споделат со уште два града: Печуј од Унгарија , како претставник на новите земји членки на ЕУ и со турската метропола Истамбул , како европски главен град на културата надвор од границите на ЕУ.