1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Есенското заседание завршува, несигурноста останува

На годишното заседание на ММФ и Светска банка Американците побараа преземање поголеми напори против должничката криза во еврозоната. Европејците ја вратија топката и укажаа на американските долгови.

default

На крајот на есенското заседание на ММФ и Светска банка американскиот министер за финансии гаѓаше со „тешко оружје“. „Опасноста од сплет на банкроти, напад на банките и катастрофално ниво на ризик мора да се отстрани, или во спротивно сите други напори, во Европа и во цел свет, ќе бидат уништени“, изјави тој вчера (24.09) во Вашингтон и побара од Европејците преземање поголеми напори во борбата против должничката криза.

На Американците им успеа да ја направат должничката криза во еврозоната единствена тема на есенското заседание, што многу ги налути европските набљудувачи. „Мислам дека САД сакаат да го свртат вниманието од сопствените проблеми и да ја направат Европа одговорна доколку економијата не забележи пораст со актуелните конјуктурни програми“, изјави, на пример, шефот на Германското здружение на штедилници, Хајнрих Хаазис.

Американските долгови се поголеми

Неговиот аргумент гласи: Американците имаат државно задолжување од 100 проценти од својот годишен стопански учинок, додека кај Европејците тој процент

IWF Weltbank Jahrestagung Herbsttagung

Тимоти Гајтнер (л.) повторно ги опомена Европејците

е 88,6. Во наредните пет години американските долгови ќе се зголемат на 115%, додека во Европа ќе се намалат на 86,6%, а во Германија дури од 82 ќе се намалат на 75 проценти. „Оттука се гледа каде лежат вистинските проблеми - Американците ја загрозуваат не само благосостојбата на својата земја, туку влијаат и врз изгледите за иднина на светската економија“, вели Хаазис.

Главниот економ на Комерцбанк Јерг Кремер, пак, смета дека стравувањата на Американците се оправдани. „За разлика од фискалните проблеми на Америка, од должничката криза во еврозоната произлегува голем потенцијал за рецесија, која не би се ограничила само на еврозоната, туку би претставувала проблем и за Америка.“ Тоа, според Кремер, објаснува зошто Американците станаа активни и се обидуваат да ги натераат Европејците да дејствуваат.

Таблети за смирување

Европејците, а најмногу шефицата на ММФ Кристин Лагард и германскиот

Wolfgang Schäuble

Волфганг Шојбле има позитивен биланс за есенското заседание на ММФ и Светска банка

министер за финансии Волфганг Шојбле, пак, неуморно укажуваат на договорениот план за спас на еврото кој ќе се спроведува консеквентно. Сепак, Шојбле во Вашингтон остави простор и за мали промени - на пример, уште еднаш ќе се преиспита висината на контроверзното учество на банките. Освен тоа, тој нема ништо против доколку механизмот за спас - ЕСМ, би стапил во сила порано од планираното.

Ваквите ветувања не чинат ништо, но ги смируваат партнерите во преговорите. Така, Шојбле може да извлече и позитивен биланс: „Имавме успешно годишно заседание. Се наоѓаме во тешка фаза, во тоа нема сомневање, но нема причуина за паника и претерано оцрнување на работите. Ако се држиме консеквентно до курсот кој е договорен, веќе наскоро ќе ја доведеме светската економија во помирни води.“

 

Автор: Ролф Венкел / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

 

DW.COM