1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Есенска средба на НАТО

Во Брисел денеска есенска средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. Судирот во сијузот околу војната во Ирак, не е заборавен, но сега треба да се покаже дека алијансата е спсообна за дејствување. Министрите треба да донесат и одлука за намалување на бројот на своите војници во Босна и Херцеговина, од 12 на седум илјади. Обемот на трупите на Косово, и покрај најавите дека ќе биде намален, најверојатно останува ист, поради проценката дека ситуацијата е и натаму нестабилна и дека постои опасност од вооружени напади, организиран криминал и тероризам.

Средбата на министрите за одбрана е рутинска. Така барем се вели во централата на сојузот. И покрај тоа има спорни теми. Теми, за кои се прават обиди да бидат спуштени на земја. Како на пример - односот НАТО-ЕУ.

Состанокот е засенет и од судирот околу сопствен штаб на ЕУ за воени операции. Планот наидува на отпор кај САД. Американскиот амбасадор во НАТО, Ричард Барнс, зборува за најголема опасност за алијансата по завршување на студената војна. Притоа има поддршка од генераниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон. Тој вели:

"Непотребно дуплирање или конкуренција меѓу ЕУ и НАТО мора да бидат спречени. "

Министрите за одбрана ќе мора да се соочат со фактот дека во Авганистан не оди се според планот. Неопходно е доставување нова опрема и вооружување. Итно се потребни транспортни хеликоптери. На самитот на алијансата во Прага беше договорена модернизација на воените сили и изградба на НАТО сили за одговор. Новите сили треба да бидат способни да дејствуваат насекаде во светот во рок од пет дена. Германскиот министер за одбрана, Петер Штрук, тука што се однесува до Германија во овој дел гледа потреба од менување, зашто овде за мисии на армијата, е потреба и одлука на Бундестагот: "Пледирам за тоа во случаи на учество во овие сили на НАТО, за ангажман да не одлучува целиот Бундестаг, туку да се создаде посебно тело кое ќе донесува решенија побрзо, во рок неколку дена."