1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ерупција на антијапонски протести во Кина

Илјадници Кинези протестираат и натаму поради групата острови, за кои сметаат дека се неправедно окупирани од страна на Јапонија. Безредија ширум земјата има и денеска (16.09).

Пред јапонската амбасада во Пекинг илјадници демонстранти скандираа антијапонски пароли, ја пееја кинеската национална химна и фрлаа со шишиња кон зградата на амбасадата. Во Шензен, според една од кинеските телевизии, имало судири со полицијата, а во Гуангзу толпа од оклу илјада луѓе се втурнала во хотел покрај јапонскиот конзулат. Протести има и во Шангај.

Во Кина демонстрациите се вообичаено брзо растурани од страна на полицијата, но овој пат протестите се придружувани од безбедносните сили. На кинеските интернет-форуми корисниците веќе почнаа да изразуваат сомнежи во тоа дека протестите се спонтани. Вчера, според јапонските медиуми, ширум Кина протестирале околу 40.000 луѓе во 50 градови. Демонстрантите напаѓале јапонски автомобили, ресторани и претпријатија.

Јапoнскиот премиер Јошихико Нода денеска побара од Кина да гарантира за безбедноста на јапонските граѓани. „Ситуацијата за нас е големо разочарување. Сакаме Кина да ја надгледува состојбата, за јапонските граѓани и претпријатија во Кина да не бидат загрозени“, рече Нода за јапонската телевизија. Тој изрази надеж дека е можно решение за спорот.

Спорната група острови која во Кина се нарекува Диаоју, а во Јапонија - Сенкаку, се наоѓа на околу 200 километри оддалеченост од Тајван и на околу две илјади километри од Токио. Четири од петте острови досега беа во јапонска приватна соспственост, а еден му припаѓа на градот Токио. Јапонската влада сега донесе одлука да купи три од островите. Групата острови се смета за стратешки важна, а освен тоа на морското дно околу островите се претпоставува дека има големи резерви на нафта и гас.