1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еро апелираше за доверба во француските реформи

Не само во Германија има сомнежи дека Франција бавно пристапува кон неопходните реформи и оти би можела да стане следна жртва на кризата. Премиерот Жан Марк Еро во Берлин се обиде да увери во спротивното.

Францускиот премиер Жан Марк Еро, за време на неговата посета на Германија апелираше за доверба во економските реформи на неговата социјалистичка влада. Париз прави се’ за повторно поттикнување на економскиот раст, изјави Еро по неговата прва посета кај германската канцеларка Ангела Меркел. Еро притоа како единствен пример го означи т.н „Пакт за конкурентност“ кој беше предложен минатата недела и кој треба да ја зголеми конкурентната способност на француските компании на меѓународниот пазар преку даночни олеснувања во висина од повеќе милијарди евра.

Во Берлин очигледно се стравува дека Париз премногу бавно пристапува кон неопходните реформи и оти Франција би можела да стане следна жртва на кризата. Претставници на двете земји во последно време прават се’ за да остават впечаток дека нема меѓусебни несогласувања.

Економист“: Франција - темпирана бомба

Инаку лондонскиот неделник Економист во најновиот број ја нарече Франција - „темпирана бомба во срцето на Европа“.

Кризата би можела да ја погоди Франција веќе наредната година, предупреди конзервативниот магазин со поднаслов „Причините Франција да стане најголема закана за еврото“.

Економист ги обвинува францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Жан-Марк Еро за одлагање на клучните реформи, наведувајќи дека „ниту Оланд ниту Еро изгледа не се доволно храбри лидери за да наметнат реформи и покрај општото противење“.

Сепак, изгледа дека новата социјалистичка власт во Франција разбира колку е сериозна економската ситуација во Европа и колку се потребни реформи, наведува весникот, изразувајќистравување дека „тие неодамнешни промени се задоцнети и недоволни“.

Долгата листа на француски проблеми вклучува економија во стагнација, висока невработеност, огромен трговски дефицит и јавен сектор кој опфаќа речиси 57 отсто БДП што е „најголемо ниво во еврозоната“, наведува весникот.