1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

70 години Втора светска војна

Ерол Ризаов, новинар

Дојче Веле во Македонија има убава и значaјна традиција. Особено е значајно влијанието на Дојче Веле врз новинарството во Македонија.

Мојата прва средба со радио вестите на германскиот медиумски гигант на македонски јазик е пред повеќе од 20 години, од времето на еднопартискиот систем. Како уредник во најстариот дневен весник Нова Македонија, политичките вести на Дојче Веле ми беа многу значајни во одредувањето на важноста на настаните.

Стандардите на Дојче Веле за објективно информирање на јавноста беа повисоки од домашните што предизвика голема слушаност и гледаност во целата земја.

Осебно е значајно влијанието на Дојче Веле врз новинарството во Македонија. Новинарите кои работеа за Дојче Веле главно беа од Македонското радио. Тие многу бргу ги прифатија повисоките професионални стандарди што ги стекнаа во Дојче Веле, а многумина по својот престој во Германија во централната редакција донесоа вистински свеж ветер во македонското новинарство. Не случајно таа новинарска генерација одигра значајна улога во тектонската промена на политичкиот и економскиот систем по мирен пат. Влијанието на Дојче Веле врз другите медиуми беше од огромна важност за повисоки професионални и етички стандарди во целото македонско новинарство. Новинарите што работат за Дојче Веле имаа висок професионален углед во домашната јавност.

Затоа со голема резигнација ја примив веста дека се укинува радио програмата на Дојче Веле на македонски јазик. И тоа во момент кога најмногу е потребна. Македонија последните години назадува во медиумските слободи. Демократските процеси се во голем застој. Не можам да се оттргнам од сомнежот дека радио програмата на Дојче Веле се угаси во Македонија само поради буџетски проблеми и заштеди.