1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган ќе ја отвори новата амбасада во Берлин

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе го пушти во употреба грандиозниот објект во Берлин за кој официјална Анкара потроши околу 30 милиони евра.

Турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган денеска во Берлин ќе ја отвори новата зграда на турската амбасада во земјата. Изградбата на грандиозното здание чинеше околу 30 милиони евра, и освен резиденцијален и дел за приеми, поседува и објект со канцеларии за околу 100 луѓе.

Еден од тројцата архитекти на објектот, Германецот Томас Хилиг изјави дека зградата симболизира модернизам и желбата на Турција да стане дел од европското семејство.

„Турција сака да се прикаже како модерна, отворена нација“, рече Хилиг. Фасадата на зградата е проткаена со турски и исламски орнаменти.

Ердоган утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, а на врвот на агендата ќе бидат разговорите за состојбата во Сирија.

Германија и Турција имаат одлични трговски односи, а околу 2,5 милиони етнички Турци живеат и работат во Германија.