1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ердоган ја критикува Европа

*

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше ЕУ дека не им испорачала ниту еден припадник на курдските бунтовници од ПКК,со што не и помага во борбата за справување со нив.“Досега ниту една земја од Унијата го сторила тоа иако ПКК е означена како терористичка организација”, рече Ердоган. Според него сепаратистичките герилци имаат пронајдено прибежиште во повеќе европски земји каде собираат пари за борците на ПКК. Во денешниот говор Ердоган ги релативираше изјавите на шефот на генералштабот Букујанит дека воената офанзива во Северен Ирак зависи од неговата посета на САД закажана за 5 ноември. Ситуацијата во пограничната област е напната.