Ердоган со остро предупредување до Грција и Кипар | Свет | DW | 13.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган со остро предупредување до Грција и Кипар

Во спорот околу можните наоѓалишта на природен гас пред брегот на Кипар, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди од натамошни дупчења. Тој порача дека турските сили се подготвени за секаков вид дејство.

Турскиот претседател ги предупреди денеска Грција, Кипар и меѓународните компании кои бараат природни енергенси во Сердоземното Mоре да „не ја пречекоруваат границата“ и да не ги загрозуваат човековите права.

„Во моментов нашите воени бродови, воздухопловните сили и другите безбедносни единици точно го следат развојот на настаните во регионот, со овластување, доколку е неопходно, да преземат секаков вид на дејство“, рече Ердоган. Тој ги предупреди Кипар, Грција и меѓународните компании да не си прават погрешни пресметки. Од петокот наваму турски воени бродови го попречуваат бродот за дупчење изнајмен од италијанската енергетска компанија Ени да стигне до поморскиот регион југоисточно од кипарскиот град Ларнака, каде треба да започне дупчење за пронаоѓање на можни извори на природен гас.

Ердоган уште порача дека опортунистичките обиди нема да ѝ избегаат од видот на Турција. Странските компании, рече Ердоган, не треба да ѝ веруваат на грчката страна и не треба да се вовлекуваат во акции кои ги надминуваат нивните овластувања и нивната моќ.

Повеќе на темата:

-Грција и Турција: кавги наместо помирување

-Посета кај соседи: Ердоган во Атина

-Кипарско обединување на видикот

Турција се противи на дупчењето за барање на природен гас, наведувајќи дека кипарските Грци не ги почитуваат „неотуѓивите права“ на кипарските Турци на природните ресурси и оти ја загрозуваат стабилноста на регионот. Многумина во Турција ја обвинуваат Грција дека полага права на ненаселените острови во близина на турскиот дел од брегот на Егејското море. Кипар од 1974 година пак е етнички поделен на грчки-јужен дел и на турски-северен дел.

Турските власти наведоа дека владата на Кипар, која го контролира јужниот дел на островот, се однесува како единствен сопственик на островот и предупредија дека ќе биде одговорна за какви било последици.

Италијанската компанија Ени, француската Тотал и американската Ексонмобил поседуваат лиценци за барање на природни енергенси во Средоземното Море, јужно од Кипар.

 

DW.COM