1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган пречекан од воодушевените приврзаници

Во Турција за збор сега се јавија и приврзаниците на премиерот. Тие го пречекаа Реџеп Таип Ердоган, кој беше на турнеја, на аеродромот Ататурк во Истанбул. Демонстрациите не запираат.

По четиридневна турнеја во Северна Африка, премиерот Реџеп Таип Ердоган се врати во Турција, која веќе една недела ја тресат протести против владата. На аеродромот во Истанбул во текот на ноќта го пречекаа повеќе од 10.000 приврзаници на неговата исламистичко-конзервативна владејачка партија АКП. Тие вееја турски знамиња и скандираа пароли како „За тебе ќе умреме, Ердоган!„ или „Доаѓа големиот мајстор“.

Ердоган бара прекин на протестите

Премиерот повика веднаш да запрат демонстрациите, кои, како што рече, веќе немаат никаква поврзаност со демократијата и се чист вандализам. „Овие протести се граничат со легалност и мораат веднаш да прекинат“. Ердоган во краткото обраќање ги пофали неговите приврзаници за воздржаноста во изминатите седум денови: „Вие останавте мирни, зрели и покажавте разумност“.

На полицијата Ердоган и' се заблагодарни за нивната „добра работа за да се гарантира нашата безбедност“. Силите за безбедност, како што нагласи, се „бедем против терористите, анархистите и вандалите“.

Истовремено, Ердоган вети дека ќе се проверат обвинувањата дека полицијата употребила прекумерна сила против демонстрантите. Тој ги повика неговите приврзаници мирно да си заминат дома. Тие, претхоно, гласно бараа да се употреби сила против протестите на плоштадот Таксим во Истанбул.

Премиерот говореше од отворен автобус, придружуван од неговата сопруга и повеќемина министри. Неговото обраќање беше пренесувано во живо преку државната телевизија.

Во меѓувреме, противниците на Ердоган ги продолжија демонстрациите. Десетици илјади во текот на ноќта повторно излегоа на улиците околу плоштадот Таксим. Во една населба на Истанбул повторно дошло до судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност. Протестите продолжија и во Анкара.

Türkei Unterstützer Erdogan Istanbul 07.06.2013

Приврзаниците на Ердоган на аеродромот Ататурк

„Авторитарен стил на владеење“

Демонстрациите започнаа пред една недела по една насилна акција на полицијата против заштитниците на животната средина. Тие сакаа да спречат еден градежен проект во паркот Гези во Истанбул. Планирано е во паркот да биде возобновена историска османлиска касарна.

Оттогаш се прошируваат протестите во целата земја и се' повеќе се насочуваат против владата. Демонстрантите ја обвинуваат владата на Ердоган за авторитарен сил на владеење и вложување напори за исламизација на општеството.

Во еднонеделните судири три лица го загубија животот - двајца демонстранти и еден полицаец. Според турскиот Сојуз на лекари, повредени биле повеќе од 4000 луѓе.

На крајот на својата турнеја, пред да полета од Тунис, Ердоган уште еднаш се покажа непопустлив. Преуредувањето на паркот Гези ќе продолжи, потврди премиерот. Истовремено тој зборуваше за екстремисти и терористи меѓу демонстрантите.