1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган останува на чело на АКП

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган останува претседател на владејачката Партија за правда и развој (АКП).

На конгресот на партијата во Анкара, Реџеп Таип Ердоган бил реизбран на лидерската позиција на АКП со огромно мнозинство гласови на делегатите, јави турската новинска агенција Анадолу. Противкандидат на Ердоган за претседателската функција на АКП немаше. Турскиот премиер претходно вети дека неговата исламско-конзервативна партија ќе ја задржи власта во Турција преку економските успеси. Тој најави дека Турција ќе ги врати останатите 1,3 милијарди американски долари долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) до април идната година.

Во минатото турската влада се потпираше на кредитите од Меѓународниот монетарен фонд, за да ги надомести своите финансиски кусоци, меѓутоа од 2008 година успева тоа да го прави без помошта на ММФ.

Ердоган, покрај тоа, истакна дека е одлучен да го реши конfликтот со курдското национално малцинство во земјата и да и обезбеди нов устав на Турција. На партискиот конгрес на АКП учествуваа и бројни гости од странство, меѓу нив египетскиот претседател Мохамед Мурси и шефот на палестинското движење Хамас, Калед Машал.