Ердоган најавува-палестинското знаме ќе се вее во ОН | Свет | DW | 14.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган најавува-палестинското знаме ќе се вее во ОН

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во настапот пред Арапската лига изјави дека признавањето на Палестина не е никаква опција, туку обврска, дека е време да се крене палестинското знаме во Обединетите нации.

default

Реџеп Таип Ердоган

Фронтовите меѓу противниците и заговарачите на признавањето автономна палестинска држава од страна на Генералното собрание на ОН, се заоструваат. Арапската лига застана демонстративно на страната на палестинското раководство и неговите планови. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во настапот пред Лигата изјави дека признавањето на Палестина не е никаква опција, туку обврска, дека е време да се крене палестинското знаме во Обединетите нации и го обвини Израел дека го попречува мировниот процес во регионот.

Премиерот Ердоган ги обвини САД, близок сојузник на Израел, дека покажуваат предрасуди, бидејќи се против признавањето на Палестина.

„Додека Израел од една страна, се обидува да го обезбеди својот легитимитет во нашиот регион, од друга страна се преземаат неодоговорни чекори кои го нарушуваат тој легитимитет“, рече Ердоган.

Пред крајот на месецот, Палестина ќе има променет статус во ОН, порача тој. Претходно американскиот претседател Барак Обама истакна дека едностраното инсистирање на признавање без договор со Израел не води кон решение на проблемот.

Автор: ЖА/ дв

Редактор: Александра Трајковска