1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган и Обама без волшебно стапче за Сирија

Американскиот претседател Барак Обама и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган побараа оставка на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Но конкретни ветувања за помош на сириската опозиција - нема.

Има многу погодени и актери во кризата, но Турција е, од американски агол на гледање, најважниот партнер кога станува збор за иднината на Сирија без претседател кој се вика Башар ал-Асад. Претседателот Барак Обама знае дека Турците со Сирија делат граница долга 900 километри и дека владата на Ердоган е најзагрижена поради растечките верски мотивирани насилства и секташки борби во Сирија, зашто тие би можеле да се прелеат. На турскиот премиер му е исто така јасно дека домаќинот нема интерес да интервенира воено во Сирија.

Околу наводната употреба на отровен гас од страна на режимот Обама воопштено рече дека употребата на хемиско оружје од страна на „цивилизираниот свет се третира како табу“. Дека вакво орујже е употребено, констатирано е уште еднаш на средбата на Обама и Ердоган во Вашингтон (16.05.2013), но од кого е тој напад изведен и кога? За тоа Ердоган не сакаше да се изјасни подетално. Американскиот претседател е притиснат откако минатиот август рече дека употреба на хемиско оружје од страна на режимот на Асад би била „црвената линија“ чие пречекорување ќе значи промена на „калкулациите“. Но уморен од војна и без убедување дека воена интервенција во Сирија е во витален интерес на САД, Барак Обама во Вашингтон ја повтори својата позиција:

„САД се ангажираат на различни начини и си оставам простор за натамошни чекори, дипломатски или воени. Но тоа е и меѓународен проблем и се надевам дека и натаму ќе можам да работам со погодените страни, вклучително и Турција, за да се постигне мир во Сирија и за регионот да се стабилизира. Но тоа САД нема да го направат сами и не верувам дека кој било во регионот, вклучително и премиерот Ердоган, е на мислење дека американски самостојни акции би донесле подобри резултати во Сирија.“

Двајцата политичари не беа прашани, а и двајцата не видоа повод да кажат нешто околу испорака на оружје за сириската опозиција. Обама и Ердоган, како и членовите на делегациите на двете земји, денеска (17.05) ги продолжуваат разговорите околу сириското прашање и политичко-економско-воената соработка. Зашто, Турција од Вашингтон очекува повеќе од само финансиска помош за сместување на стотици илјади сириски бегалци на турска територија.