1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган им се заканува на противниците

Во односот кон политичките противници турската влада се придржува на принципот „морков и стап“. Премиерот Ердоган повторно силно ги нападна своите противници и говореше за меѓународен заговор.

Исламистичко-конзервативниот премиер Реџеп Таип Ердоган повторно им се закани на неговите противници и на државниот обвинител, кој ја води истрагата за корупцискиот скандал, Муамер Акас. Пред приврзаниците во провинцијата Маниса тој истовремено јасно порача дека негова оставка не доаѓа во предвид. Оние кои се обидуваат да го соборат, ќе пропаднат во својата намера како и антивладините демонстрации од изминатото лето во паркот Гези во Истанбул. „Оваа завера нема да има успех“, изјави Ердоган пред насобраните луѓе. Скандалот бил меѓународен комплот. Неговите противници не ги интересира корупцијата, туку има за цел слабеење на Турција, тврди Ердоган.

Понуда за дијалог за движењето Ѓулен

Значително посмирувачки тонови доаѓаат од министерот за надворешни работи на Турција, Ахмед Давутоглу. Тој ги повика на дијалог приврзаниците на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во егзил во САД. Владата е одлучна да преземе мерки против мито и корупција, подвлече Давутоглу. На некогашнот близок соработник на Ердоган, Ѓулен, му се припишува дека има големо влијание врз соработниците во полицијата и правосудството.

Türkei Korruptionsskandal Ausschreitungen Istanbul 29.12.13

Протести во Истанбул против корупцискиот скандал што ја тресе Турција

Турските медиуми известуваат дека биле принудно преместени полицајци, за кои постоело сомневање дека припаѓале на движењето Ѓулен. Вкупно во изминатите денови наводно биле сменети до 1.000 полицајци на раководни позиции.

Корупцискиот скандал околу државната банка Халкбанк веќе две недели ја тресе Турција. Кон тоа се надополни борбата за превласт меѓу премиерот Ердоган и движењето Ѓулен, како и меѓу Ердоган и критичарите од сопствената партија, АКП.

Повеќемина синови на министри влегоа во визирот на правосудните органи и се наоѓаат во истражен затвор. Упасени се вкупно 24 осомничени лица. Повеќе министри поднесоа самите оставка, а премиерот Ердоган го промени речиси половина кабинет.

Осомничените припаѓале на криминален круг, кој наводно ги поткупувал политичарите за да прикријат нелегален бизнис со злато на Халкбанката со Иран и да добијат дозвола за спорни градежни проекти. Аферата ја зафати политичката и економска елита на Турција.