1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган: Израел е терористичка држава

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го нарече Израел „терористичка држава“ поради бомбардирањето на палестинската енклава во Газа

Изјавата на турскиот премиер следи дури на седмиот ден од палестинските ракетни напади врз Израел, и шест дена по воздушните удари на израелската воена авијација врз Појасот Газа.

„Оние коишто го поврзуваат исламот со тероризмот ги затвораат очите пред масовното убиство на муслиманите, ја свртуваат главата од масакрот на деца во Газа. Поради таа причина, јас велам дека Израел е терористичка држава и нејзините дела се терористички“, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на конференцијата не Евроазискиот исламски совет што се одржува во Истанбул.

Односите меѓу Израел и Израел, порано единствената муслиманска земја сојузник на Израел, беа прекинати откако израелските командоси во мај 2010 година се качија на турскиот брод „Мар Мармарис“ кој беше дел од Флотилата на слободата која имаше намера да ја достави хуманитарна помош пробивајќи ја израелската поморска блокада на Појасот Газа, при што загинаа девет турски државјани. Израел тврди дека војниците пукале во самоодбрана, додека хуманитарните активисти тврдат дека тие први нападнале.

Турција го протера израелскиот амбасадор и ја замрзна воената соработка со Израел, по објавувањето на извештајот на Обединетите нации за тој инцидент во септември минатата година. Извештајот не го содржеше барањето за извинување од Израел. Според извештајот, израелската блокада на Појасот Газа била легална, но дека упадот на израелските командоси на бродот претставувало неоправдана употреба на сила, и покрај силниот отпор на

екипажот на турскиот брод. Претходно во ноември Турција го започна судењето во отсуство на четворица израелски воени команданти поради нападот од 2010 година.

Шефот на турската дипломатија Дахмет Давутоглу во вторник треба да допатува во Газа, заедно со групата шефови на дипломатиите од земјите членки на Арапската лига.