1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган додава масло на огнот

Актуелниот спор меѓу Турција и Израел само ја влошува ситуацијата во нестабилниот регион на Блискиот исток. Тие взаемно ги протераа амбасадорите и ја замрзнаа воената соработка.

default

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Непопустлив што се однесува до проблемот и остар во тонот. Турскиот премиер Ердоган го заострува уште еднаш спорот со Израел. „Израел се однесува како размазено дете. Неговото однесување исто така мириса на државен тероризам...“

Она што Ердоган го прави толку гневен се драматичните настани од мај 2010. Тоа што Израел не сака да се извини за инвазијата врз хуманитарниот конвој кон Газа и за убиството на деветмина турски активисти, ниту пак има намера да плати отштета за жртвите, тоа е за Турција скандал.

Israel Verteidigungsminister Ehud Barak Regierungskrise

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак

Штети и за обичните граѓани

Во меѓувреме спорот се одразува и на сообраќајот меѓу двете земји. Туристи од обете земји се жалат на шиканирања на аеродромите.

Израелскиот министер за одбрана Барак се обидува да ја смири топката.

„Израел и Турција се во моментов најсилните и најважните земји во регионот. Иако имаме разлики во мислењето, сепак треба да сочуваме студена глава.“

Но, Турција останува на курс на конфронтација. Размислува да го посети Појасот Газа кога месецов ќе биде на пат во близината, вели Ердоган и најавува дека Турција ќе го засили военото присуство во Средоземното море.

Прилогов можете да го погледнете како видео на денот на нашата интернет страница

Автор: Арно Лист / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски