1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ердоган го обновува османлиството на Балканот

Официјална Анкара ги обновува отоманските патишта, посебно на Балканот, со „модел на европски комонвелт“. Дали турската економска и политичка пенетрација доаѓа како алтернатива на грчките блокади кон Македонија?

default

Реџеп Таип Ердоган

„Се што е поврзано со Балканот е наш интерес“, само една недела по оваа изјава во САД турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган слетува во Скопје. Долго подготвуваната дводневна посета, со највисоки мерки за безбедност, е исполнета со големи политичко-економски надежи на неговиот домаќин премиерот Никола Груевски, но и посебно кај бројната турска етничка заедница во Македонија.

„Обновата на отоманството во модерните времиња е копија на британскиот комонвелт и позитивно е за нас, зашто тогашната турска империја, особено во 1908 година, Турција сакала да признае независна македонска држава, што било блокирано од тогашна царска Русија“, вели за ДВ историчарот Лазар Лазаров, универзитетски професор.

Тој посочува дека на Турција треба да гледаме како на голем пријател и стратешки партнер, не само на диполаматски и меѓународен план, туку и како значаен економски партнер.

Turkish Prime Minister Recep Tayyip Erdogan addresses the lawmakers of his ruling party at the parliament in Ankara, Turkey, Tueday, Jan. 12, 2010. Israel on Monday and Turkey on Tuesday summoned each other's ambassador, a day after Erdogan lashed out at Israel, accusing it of threatening peace in the region and using disproportionate force against Palestinians. Erdogan also called Monday on the U.N. Security Council to mount same pressure on Israel as it does on Iran over nuclear armament.(AP Photo)

Откако во последниве пет години официјална Анкара ги промовира обновата на отоманството и исламот како европски вредности и цивилизација, Македонија, во која најдобро и најбројно се зачувани артефактите за неговото петвековно пенетрирање, стана дел од приоритетниот фокус за Турција, оценува Арач Нуман, научен истражувач во Mакедонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Бенефиции за турскиот капитал

Нуман ги проучувал делата на Авероес мислител на исламската филозофија, потврдувајќи го современото толкување дека исламот е дел од европската цивилизација и историја. Своите докторски студии тој ги завршил на престижниот турски универзитет Мармарас, каде економија дипломирал и премиерот Ердоган. Нуман беше организатор на големата исламска конференција во Скопје на која стотина ореинталисти од цел свет говореа за исламот како европска цивилизација.

„Исламот е мирољубива религија која не применува пресија врз убедувањето врз луѓето“, кажа во Скопје професорот Екмелдин Ишаноглу, генерален секретар на влијателната Исламската конференција.

Турција и Македонија имаат договор за стратегиско партнерство од 2008 година, а признавањето под уставното име, од првите денови на самостојноста, е мевлем на властите во Скопје во долгодишната битка со ирационалниот спор околу името со Грција. Бројните бизнис делегации од таму бараат од властите во Скопје подеднакви услови за позабрзано влегување на турскиот капитал и инвестиции, слично како со бенефициите за грчкиот, во раните години на овој милениум. Изградбата на двата македонски аеродроми, со вложувања од 200 милиони евра, интересот за вклучување во изградбата на клучните инфраструкурни магистрали ја донесоа од Турција во Скопје и петата по големина Халк банка. Трговската размена со 400 милиони долари иако е 30 насто поголема од лани, ни од далеку не ги задоволува интересите и потенцијалите на турската експанзија во чиј епицентар е Македонија, како очигледно истурена кота за обновеното отоманско влијание на Балканот.

Турците во „сендвич“ меѓу Албанците и Македонците

Mazedonisch-türkisches Ministerpräsidententreffen

Груевски и Ердоган во Турција во 2007 година


„Турската заедница во Македонија на Ердоган му подготвува голем пречек, зашто гостинот од Анкара е харизматична личност што е уважуван и меѓу Турците надвор од татковината“, кажа во интервју за ДВ Кенан Хасипи еден од лидерите на бројната турска задница во Македонија, која ќе има средба со високиот гостин од Анкара. Тој, како и професор Лазаров не мислат дека развојот на труско-макдонските пријателски односи и стратешко партнерство е на штета или поради подобрување на преговарачката позиција на властите во Скопје во спорот околу името со Грција.

Турците се сметаат за најеснафска и најлојална етничка група во македонската држава. Но професорот Арач Нуман, за ДВ, сепак предупредува дека тие се во еден „хамбургер меѓу Македонците и Албанците и тоа не е добро за нејзиниот мултиетнички и конфесионален соживот“, што не е добро како модел кога доминираат бинационалните релации. „Спасот е во развој на мултиетничкиот карактер на земјата. Еве сега имаме попис, јас ви тврдам дека може да бидат непопишани најмалку 20 илјади жители на Македонија кои се Турци, го говорат својот мајчин јазик дома, во семејствата, а се под влиајние да се определат како припадници на други етнички заедници“, предупредува нашиот соговорник од МАНУ и добар познавач на исламските вредности и традиции на овие простори.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска