1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ердоган бара ЕУ да вети членство на Турција во 2015 година

Турција бара од ЕУ ветување дека ќе биде примена во сојузот во 2015 година . Би требало да поставиме цел, тоа би можело да биде 2013-та , 2014-та или 2015-та година – изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за германскиот весник Зидојче Цајтунг .

Барањето на Ердоган наиде на отфрлање во Европската Комисија и Европарламентот :

„ Јас сум на мислење дека сигналите за земјите кандидати беа јасни и исти. Кој сака прием во Европската Унија , мора да исполни сите политички и економски услови. Нема да има попуст ниту еден кандидат а тоа важи и за Турција“ – порача Михаел Галер , потпретседател на Комисијата за надворешна политика во Европскиот Парламент.