1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ердоан: Турција сама решава дали и кога ќе преземе воена акција

*

Турската армија, според сопствени наводи, на границата кон Ирак убила најмалку 30 борци на забранетата Курдска работничка партија. Наводно, бунтовниците се обиделе да нападнат турски тенкови на позиции кај границата.

Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави денеска дека земјата е решителна во намерата да преземе неопходни чекори за да им стави крај на заканите што доаѓаат од курдските бунтовници во северен Ирак. Турција го губи трпението, предупреди Ѓул.

Премиерот Реџеп Таип Ердоан изјави дека Турција самата решава за моментот и неопходноста од акција против курдските бунтовници во северен Ирак и нема да дозволи мешање од страна на САД.