1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоан предупредува од глобализација на тероризмот

Во Минхен денеска официјално започна 44-та меѓународна конференција за безбедност. Нејзиното мото овојпат е "Светот во неред, недостиг на стратегии", а прв говорник беше турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан

default

Конференција за безбедност во Минхен

Турција има клучна улога во светската политика, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Таа е централен стратешки посредник меѓу западот и истокот. Пред околу 350-те учесници на конференција, турскиот премиер подвлече дека приемот на неговата земја во ЕУ би бил позитивен сигнал за целиот муслимански свет. Турција може да го гарантира сојузот меѓу културите. Ердоан предупреди од глобализација на тероризмот, повикувајќи го светот решително да се бори против сите терористички организации. Изричито апелираше до НАТО да не потклекнува во Авганистан, а тамошната состојба инаку е една од главните теми на конференцијата во Минхен. На неа ќе учествува и американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс и рускиот вицепремиер Сергеј Иванов. Од германска страна учесник е вицеканцеларот и шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер, а Македонија во Минхен ја претставува претседателот Бранко Црвенковски.
Тадиќ предупредува од ескалација
Синоќа пред учесниците на конференцијата во Минхен се обрати српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој предупреди од ескалација ако дојде до еднострано прогласување независност на Косово. Мора повторно да се преговара, зашто тоа е единствен начин за решавање на несогласувањата во Европа во 21-от век,беше дециден Тадиќ. Ако во наредните недели не дојде до такви преговори, се плашам дека сите три страни ќе платат недопустливо висока цена, а тоа никој од нас не смее да си го дозволи, рече Тадиќ. Неговата земја не може да прифати никакви поделби ниту пак изолација. Решавачка институција за процесот за решавање на статусот на Косово се ОН, смета Тадиќ.

►◄