1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ердоан бара акција на САД против ПКК

*

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан очекува брза акција на САД против курдските бунтовници кои се кријат во северниот дел на Ирак. Ваквиот чекор е неопходен доколку сакаме добри резултати во борбата против курдските сепаратисти, изјави Ердоан во во телевизиско интервју. Тој очекува конкретни чекори од американската војска во пограничниот дел со Турција. Ваквите изјави на Ердоан според набљудувачите упатува на тоа дека Анкара се обидува да ја одбегне сопствената воена акција. И покрај предупредувањата од страна на САД и ирачката влада, турскиот парламент во средата даде зелено светло за акција во северниот дел на Ирак.