1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ербас откри пукнатини во крилата на два супер џамбо авиони

Ербас информираше денеска дека открил многу напукнувања во крилата на два супер џамбо авиони А380, но во исто време инсистираше на тоа дека најголемиот авион на светот останува безбеден за патниците.

default

Ербас откри исти оштетувања на крилата од два авиона. Компанијата уверува дека леталата се безбедни

Од компанијата тврдат дека напукнувањата се на не критични носачи во крилата на двата авиони со по 525 седишта. Европската агенција за безбедност во авиосообраќајот информираше дека утре ќе издаде барање за превентивни проверки на овој тип авиони од Ербас.

„Ербас нагласува дека овие напукнувања не можат да влијаат на безбедноста на оперирањето со воздухопловот“, изјавија од компанијата.

BdT Deutschland Airbus A380 Testflug Stuttgart

Во крилата на авионот можат да се паркираат 70 автомобили

Напукнувањата се откриени на исти места во двата авиони. Крилата од авионот се произведени во Брајтон, Северен Велс и транспортирани до седиштето на Ербас во Тулуз, Франција за комплетно склопување.

Ербас до сека има испорачано 68 супер џамбо авиони, почнувајќи од Сингапур Ерлајнс, кој го купи првиот авион во декември 2007-ма, па преку Емирати од Дубаи до Квантас Ервејс од Австралија. Други оператори кои користат таков тип на авиони се Ер Франс, германската Луфтханза и Чајна Саутерн.

Авионот што чини 12 милијарди евра е направен од делови произведени во Британија, Франција, Германија и Шпанија и во неговите крила има место да се паркираат 70 автомобили.

Автор: Александар Методијев / ројтерс

Редактор: Симе Недевски