1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ербас А-380 ќе доцни

Европскиот концерн Ербас повторно најави дека уште повеќе ќе доцни со испораката на нивниот нов модел Супер Џамбо А 380.

Фабриката на Ербас во Тулуз

Фабриката на Ербас во Тулуз

Испораката на авионите е одложена за дополнителна една година. поради што концернот ќе мора да плати високи отштети од неколку милијадри евра. Авионите од првото сериско, кои сега ќе бидат готови следниот октомври, требаше да бидат испорачани уште годинава. Причина за проблемите во производството на големиот Ербас се компликуваните кабелски поврзувања. И покрај проблемите и загубите во Ербас не се откажуваат. Претставникот на компанијата Томас Ендерс изјави:

„ Авиокомпаниите се уште имаат голем интерес за овој модел на авион и ние остануваме во негово производство и сакаме до крај успешно да го развиеме“, категоричен беше Ендерс од концернот Ербас.