1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕП ќе гласа за напредокот на Македонија

*

Европскиот парламент денеска треба да гласа по извештајот за напредокот на Македонија за 2006 година. На вчерашната амандманска расправа еврокомесарот за проширување Оли Рен изјави дека политичкиот дијалог во земјата е единствената одснова за постигнување стабилност и функционални институции. Рен повика и на конструктивен пристап за изнаоѓање заеднички прифатливо решение меѓу Македонија и Грција за спорот со името. Останатите евопарламентарци се согласија дека земјата мора да ги забрза реформите во судството и полицијата.