1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕП усвои нова резолуција на Македонија

*

Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата посветена на Македонија. Во неа е потврдена перспективата на Македонија за членство во Европската унија. Пратениците на европскиот парламент притоа побараа што е можно побрзо отварање на преговорите меѓу Македонија и Унијата. Единствен критериум за прием е почитувањето на критериумите од Копенхаген и капацитетот на Унијата да прими нови членки. Во резолуцијата во преден план се ставени и обврските кои Македонија треба да ги исполни, меѓу нив и целосно спроведување на судските реформи. Европратениците се заложија и за олеснување на визниот режим за граѓаните на Македонија.