1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

ЕП: Со заплашувачки фотографии против пушењето

Европскиот парламент ја донесе новата стратегија во борбата против пушењето: со шокирачки фотографии младите треба да бидат одвраќани од опасниот порок.

Шокирачките слики и упадливите предупредувања треба младите луѓе во ЕУ засилено да ги одвраќаат од пушењето. Кон тоа е насочена новата стратегија која Европскиот парламент ја усвои денеска (26.02.2014) во Стразбур.

По долготрајните и макотрпни преговори меѓу преговарачите од ЕП и државите од ЕУ, новите одредби предвидуваат најдоцна од 2017. година на пакувањата со цигари да мора да бидат испечатени заплашувачки и предупредувачки фотографии, на пример нога со гангрена или поцрнет јазик поради рак. Освен тоа 65 проценти од кутиите со цигари треба да бидат покриени со предупредувачки пораки, ккао „пушењето убива“. Ова истото важи и за пакувањата со ситнет тутун за цигари и за лулиња, омилени кај младите. Предупредувачките пораки на пакувањата со цигари и тутун постојат и денес, но се многу помали.

Во иднина во производите од тутун ќе бидат целосно забранети состојките кои предизвикуваат рак,значително влијаат врз наследниот материјал или ја ограничуваат способноста за размножување. Ова важи за аромите како ванила или чоколадо, кои го ублажуваат горчливиот вкус на тутунот и првенствено кај младите го олеснуваат почетокот на пушењето. Од пазарот ќе треба да исчезнат и ментол цигарите, но дури од 2020. година.

Електронските цигари остануваат, но и за нив првпат се воведени правила кои ја пропишуваат горната граница на содржината на никотин во течноста која испарува. Европската комисија во следните две години треба да изврши проверка на штетноста на досега неиспитаните дејства на електронските цигари врз човечкото здравје.