1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕП: Прекин на преговорите со Турција или засилен дијалог?

Пратениците во Европскиот парламент реагираат различно на случувањата во Турција - едни бараат замрзнување или дури и прекин на преговорите за приклучување во ЕУ, а други нагласуваат дека треба да се засили дијалогот.

Сите пратенички групи во Европскиот парламент ги осудуваат постапките на турската полиција против демонстрантите. Меѓутоа, размислувањата за тоа какви последици да има ваквата интервенција по европската политика кон Турција се дијаметрално спротивни. Шеф-дипломатот на ЕУ Кетрин Ештон во Стразбур изрази жалење: „Во изминатите две недели бевме сведоци на премногу примери на ексцесивно полициско насилство: употреба на солзавец, водени топови, спреј, гумени куршуми од многу мали растојанија до демонстрантите, кои главно беа мирни.“

Ештон го осуди ограничувањето на слободата на печат и на мислење, но додаде дека демократскиот мандат на премиерот Реџеп Таип Ердоган не се става под знак прашалник. Меѓутоа, премиерот не треба да го злоупотребува мандатот

Catherine Ashton EU Kommissarin

Кетрин Ештон: Сега не е момент да се повлечеме од Турција

против оние кои не го делат неговото мислење, рече Ештон. Таа се залага за деескалација и за натамошен европски ангажман: „Сега не е момент да се повлечеме од Турција, туку треба да бараме поинтензивен дијалог.“

Сила или постапување со свилени ракавици?

Оваа стратегија предизвикува поделеност во Европскиот парламент. Шпанскиот конзервативен пратеник Хозе Игнасио Салафранка го фали курсот на Ештон за Турција, затоа што земјата е важен партнер за ЕУ и НАТО. Тој смета дека во Турција има „голем број реформи“ кои се во тек: „Затоа не можеме да дозволиме дестабилизација на ситуацијата во Турција која би била предизвикана од страна на ЕУ.“

Други пратеници се за поостар курс кон Анкара. Дел од нив се лути, особено поради тоа што Ештон не само што ја повикала турската влада на воздржаност, туку истиот повик го упатила и до демонстрантите. Ирскиот социјалист Пол Марфи одушевено раскажуваше за својот престој меѓу демонстрантите во

Europäisches Parlament Hannes Swoboda Österreich

Ханес Свобода: Ердоган мора да се промени ако не сака да ја оддалечи Турција од ЕУ

Истанбул и е вџашен од повикот на Ештон. Обраќајќи и‘ се, тој рече: „Спротивно од Вашиот совет, јас на демонстрантите им велам - не се воздржувајте!“

Преговорите за приклучување под мраз

Дебатата во Европскиот парламент стана турбулентна особено по прашањето - како ЕУ да постапува со Турција во ваква ситуација. Брисел и Анкара водат преговори за приклучување неколку години, но тие од 2010 година се под мраз. Официјално, преговорите некогаш треба да доведат до целосно членство на земјата во Унијата, но сомневање во ваквиот пат изразуваат пред се‘ конзервативните пратеници. Тие сметаат дека со најновите случувања нивниот став е потврден.

Ирското претседателство со ЕУ пак, сака да ги заживее повторно преговорите пред истекот на овој месец и да отвори ново поглавје во преговорите, она за регионална политика. Но дури и наклонетите пратеници, како шефот на пратеничката група на социјалистите Ханес Свобода, сметаат дека од тоа нема да излезе ништо. Ердоган „мора да се промени ако не сака да ја оддалечи

Bernd Posselt Abgeodneter im Europäischen Parlament Archivbild 2012

Бернд Поселт бара итен прекин на преговорите за приклучување на Турција во ЕУ

Турција од Европа“. И шефот на пратеничката група на либералите Ги Ферхофштат е решително „за европска опција за Турција“, но нагласува дека визијата за членство бледее исто онолку колку што Турција „им врти грб на европските принципи и вредности“.

Норвешко решение

Германскиот конзервативен пратеник Бернд Поселт, наспроти тоа, бара „итен прекин на преговорите за приклучување“. Тој тоа го бараше и пред актуелните настани во Турција, зашто тој смета дека таа земја едноставно не е европска земја. На ваквиот став енергично се спротивставува Ферхофштат.

Германецот Елмар Брок, кој е претседател на Комисијата за надворешна политика на ЕП, на работите гледа подиференцирано од Поселт. Според него, обновување на преговорите во овој момент не доаѓа предвид, меѓу другото, „затоа што тоа едноставно би било навреда за луѓето кои се во затвор“. Преговорите би требало „да се одложат малку“.

Според Брок, алтернатива за Турција би можело да биде проширено „норвешко решение“, односно тесна економска поврзаност без политичка интеграција. Тоа, како што укажа и конзервативецот Џефри ван Орден, е идеја за која би можеле да се загреат дури и британските евроскептици. Сепак, во емоционалната дебата за Турција во ЕП вчера (12.06) немаше трезвена анализа на состојбите. Едноставно тоа не беше вистинскиот момент.