1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

ЕП-пливање: светски рекорд и три златни медали за Германците

Извонредни настапи на германските претставници на Европското првенство во пливање и скокови во вода во Будимпешта

Брита Штефен

Брита Штефен

Германската женска штафета во дисциплината 4 пати по 200 метри слободно го освои златниот медал, подобрувајќи го истовремено за цели 2 секунди и 60 стотинки и светскиот рекорд, што досега го држеше штафетата на САД. „Радосна сум сега што испадна толку добро и едноставно лудо сум горда на медалите, оти сите ние се надраснавме самите себе си“ – рече Брита Штефен. Во штафетата уште пливаа и Петра Далман, Даниела Замулски и Аника Либс.

Ова е трет светски рекорд што го постигнаа Германките на Европското првенство – претходно тоа и’ успеа на штафетата 4 пати по 100 метри слободно, како и на Брита Шетфен во поединечната трка на 100 метри слободно.

Вчера златен медал во пливање освои и Хелге Меев на 50 метри грбно. „Му реков на мојот тренер: ’Во состојба сум брзо да пливам‘. Моето чувство најчесто не ме лаже – и ова е конечниот резултат. Навистина е прекрасно“ – вели 21-годиншиот Меев, кој во оваа дисциплина на европскиот трон го наследи Стив Телоке.

Антје Бушулте се закити со сребрен медал на 100 метри грбно, Јанин Пич го освои бронзениот, а победи Французинката Лоре Маноду, за која ова беше трето „злато“. „Однапред не се чувствував во врвна форма, знаев дека нема да испливам најдобро време, апсолутно се борев и се радувам што сепак успеав“ – рече искусната Бушулте.

Златен медал во скокови во вода освоија Андреас Велс и Тобијас Шеленберг од штица од три метри височина. 23-годишната Кристин Штоер, која како замена беше номинирана непосредно пред првенството, успеа во скок од кула да освои бронзен трофеј. Подобри од неа беа Јулија Прокопчук од Украина и Австријката Ања Рихтер.