1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕП го одобри ограничувањето на роамингот

Европскиот парламент денеска го одобри ограничувањето на наплата на роаминг во сите 27 земји членки со што европејците уште во август ќе може вдоат значително поефтини разговори во странство. Речиси е сигурно дека одлуката ќе биде поддржана од министрите за економија на нивната средба следниот месец. Според новите правила високите цени кои сега се околу 3 евра по минута, ќе бидат ограничени на 0,49 евра за минута повик од странство, односно, 0,24 евра за прием на повик.