1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕП ги повика петте преостанати членки на ЕУ да го признаат Косово

Пратениците на Европскиот парламент денеска ја изгласаа резолуцијата за напредокот на Косово во европските интеграции , во која се поздравува и почетокот на дијалогот за визна либерализација.

Европскиот парламент ги повика петте земји членки на Европската унија кои се‘ уште не ја признале независноста на Косово, да ја признаат, откако тоа го имаат направено 88 земји. Резолуцијата што денеска беше изгласана во Европскиот парламент го поздравува започнувањето на дијалогот за визите во јануари. Парламентот очекува Европската Комисија да претстави план за визна либерализација оваа пролет и го поддржува планот за изработка на студија до есента 2012 година за потпишување на договор за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Косово.

Пратениците изразија надеж дека Меѓународниот олимписки комитет ќе им овозможи на спортистите од Косово да учествуваат на претстојните Олимписки игри во Лондон.
Според ЕП главните предизвици, кои остануваат пред Косово, се враќање на бегалците и на раселените граѓани кои останале на територијата на државата, како и нестабилната ситуација во северниот дел на земјата. Парламентот повика и за итни конституционални и изборни реформи.

За време на вчерашната расправа повеќето пратеници укажаа дека проблемот со организираниот криминал и недостатокот на владеењето на правото и понатаму претставуваат најголеми пречки на косовскиот пат кон Европа, а неколку парламентарци потсетија на извештајот за трговија со органи на Дик Марти.
Речиси сите укажаа на важноста од натамошно продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград.