1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕП во „војна“ со министрите за внатрешни работи поради Шенген

Европскиот парламент се мобилизира против предлжените реформи на Шенген просторот, усвоени на 7 јуни од министрите за внатрешни работи во Луксембург.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, најави дека ЕП има намера да води „одлучна борба“ против предлогот со кој се сака да се изменат правните основи за евалуација на функционирањето на безвизниот режим во Шенген зоната.

Предложената промена, која предизвика излив на незадоволство во Стразбур, е пред се’ намалената улога на европратениците во евалуацијата на начинот на спроведување на Шенгенскиот договор. Комисијата за граѓански слободи на ЕП, доцна синоќа со 47 гласови за и 3 воздржани изгласа еден текст со кој се бара „заедничка, а не меѓувладина евалуација на спроведувањето на одредбите кои се на сила  во рамките на приодбивките на Шенген договорот“.

Членовите на комисијата на ЕП го отфрлија принципот на „засилено советување“ со ЕП, кое го ветуваат министрите.

Германскиот европратеник Манфред Вебер, заменик претседател на групата на Народните партии и Карлос Коелјо, известувачот во ЕП за мехнизмите за евалуацијата на Шенген, заеднички изјавија дека „оваа одлука на Советот јасно го исклучува парламентот од процесот и го фаворизира донесувањето на нетранспарентни одлуки, кои се носат во тајните на бирократијата и привтаните кругови“.

„Европратениците нема да го остават Советот да го поткопува процесот на соодлучување кој е во срцето на европската демократија“ - вели европратеничката Елен Флотр од групата на Зелените.

Symbolbild Ortsausgangsschild von Schengen

За еврокомесарката Сесилија Малмстром договорот од Луксембург е разочарувачки

Европратениците влегуваат во конфликт

Според она што се слушна во денешната (12.06.2012) бурна дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, европратениците се подготвени да влезат во конфликт против Европскиот совет по прашањето за Шенген, во кој Европската комисија е на страната на европратениците.
Претседателите на парламентарните групи отворено се изјаснија против постигнатиот договор од страна на Советот под данското претседателство.

Претседателот на Групата на Народните партии, Жозеп Дол, најави дека неговата група повеќе нема да работи со данското претседателство на ЕУ, во знак на несогласување поради непочитувањето на европските договори за заедничко соодлучување меѓу Европската Комисија, Совет и Парламент. Ова поради тоа што одлуката донесена во Луксембург, ја донесоа само министрите за внатрешни работи. Дол, како поранешен синдикалист најавува акции од страна на ЕП пред Европскиот совет.

За австрискиот европратеник и претседател на групата на Социјалистите  и демократите Јоханес Свобода, не се работи за едена „обична законодавна караница меѓу националните влади и европските институции, тука станува збор за фундаменталните слободи на граѓаните“.

EU-Parlament / Europaparlament / Straßburg / Plenarsaal

Европратениците добиваат поддршка од Европската комисија



Ги Верхофстад, лидерот на Сојузот на либералите и демократите во ЕП смета дека „Советот сега ќе може да најде било каква причина за да ги затвори границите, како и за да ги блокира премините“.

За германскиот европратеник и копретседател на групата на Зелените во ЕП Даниел Кохн-Бендит „системот на безграници на Шенген просторот е транснационален во својата замисла и цел. Значи логично е да секоја одлука за времено враќање на контролите на границите биде ставено на одобрување на европско ниво, а не само на проценките на тесните и индивидуалистички размислувања на државите членки“.

Но, има и европратеници од групата на Европа слободи демократија, како Клаудио Морганти и Марио Боргезио, кои семетаат дека министрите за внатрешни работи „стануваат повторно господари во управувањето со миграциските текови и со нивните граници“.

Европската комисија на страната на ЕП

Сесилиа Малмстром, комесарот за внатрешни работи, го оцени договорот постигнат во Луксембург како „разочарувачки“, имено овај договор и го одзема на Европската комисија најголемиот дел од евалуацијата на ситуациите кои водат кон повторно враќање на граничните контроли на внатрешните граници на ЕУ.

Во договорот постигнат од министрите за внатрешни работи на ЕУ се предвидува можно времено враќање на внатрешните гранични контроли во период од 6 месеци, со можност за продолжување до 24 месеци, поради „исклучителни прилики“. Односно кога има проблем со контролата на една надворешна граница на ЕУ.

Во моментов најкритична е ситуацијата на турско-грчката граница, која дозволува зголемен прилив на илегалци во Европа.