1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Епл против Самсунг-последната битка?

Двете фирми се судат во Европа, Азија, а сега и во САД: Епл и Самсунг водат беспоштедна правна борба. Се работи и овојпат за многу пари и за нивната иднина.

Судската сала во Сан Хозе беше полна со новинари, уште на почетокот на процесот вчера (30.07.2012) адвокатите на Епл и на Самсунг ги почнаа меѓусебните дискусии за прекршување на патентните права. Епл бара од Самсунг отштета од околу две милијарди евра. Самсунг според обвинувањата го „украл“ дизајност и функциите на смартфоните и таблет-компјутерите. Самсунг го отфрла обвинувањето и од своја страна исто напаѓа- ЕПЛ користи патентирани технологии од Самсунг.

Епл тужбата ја поднесе во април 2011. година. Судот одреди разговори со цел спорот да се реши на мирен начин, но до мај тие не донесоа резултат. Поротниците сега ги чека цела планина доказен материјал и аргументи.

Ipad Samsung Galaxy Pad Urteil

Кој од кого копира?

Спорот околу правата од патентите во САД е само еден од вкупно 50-те процеси низ цел свет. Двете фирми своите аргументи ги тестираа во различни судски постапки во другите земји. Така, Епл во Германија успеа долго да го држи настрана од пазарот еден таблет-комјутер на Самсунг поради обвинувањето дека е копиран неговиот дизајн.

Апаратите на кои се однесува актуелниот судски спор веќе не се актуелни, но одлуката може да влијае врз развојот на идните модели. Пресудата нема да биде автоматски важечка за другите држави, но неуспех би значел многу-посебно за Епл, САД се најважен пазар.

Исходот од судскиот спор во многу ќе зависи од успехот на адвокатите на поротниците да им ги објаснат комплицираните регулации во правото за патенти. Најавени се настапи на над 80 адвокати, а одлуката се очeкува дури кон средината на август.