1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Епл опасно и‘ се приближи на Кока Кола

Кока Кола е и натаму на прво место на скалата направена според вредноста на името на фирмата и производите, но нејзината позиција се‘повеќе ја загрозува Епл, кој за една година направи скок од дури шест места на скалата.

Епл ја „загрозува“ Кока Кола. Според најновата ранг листа на американската советничка фирма Интербренд, производителот на Ајпед и Ајфон „скокна“ на второто место и е веднаш зад Кока Кола. Вредноста на Епл, според рангирањето „Бест Глобал Брендс“ 2012 изнесува 76,57 милијарди долари, соопшти Интербренд. Во споредба со минатогодишното рангирање, вредноста на Епл речиси двојно се зголемила. Тогаш Епл се наоѓаше на осмата позиција.

Лидерот на ранг листата, Кока Кола, има вредност од 77,84 милијарди долари, што е зголемување за осум проценти во споредба со минатата година.

IPhone 5 Andrang Verbraucher Apple Geschäft Apple Store München

Епл е во врвот

Интербренд рангирањето го прави врз основа на три критериуми: финансиските биланси на компаниите, значењето на марката при одлучувањето на потрошувачите што ќе купат и јачината на марката за обезбедување добивка во иднина.

Меѓу десетте највредни марки на светот се и ИБМ, Гугл, Мајкрософт, ГЕ, Мекдоналдс, Интел, Самсунг и Тојота. Гугл првпат го претекна ривалот Мајкрософт на оваа листа. На рангирањето на Интербренд првпат свое место има и една социјална мрежа - Фејсбук е на 69. место.

BMW und Mercedes-Benz Logo

Мерцедес и БМВ се највредните германски марки

Највредни германски брендови, според оваа листа, се автопоризводителите Мерцедес и БМВ - тие се најдоа на 11. и 12. место.

За највредните светски марки има неколку ранг листи. На листата на Милворд Браун (фирма за истражување на пазарот н.з.) Епл и во 2011 и во 2012 година беше проценет како највредна марка. Авторите на студијата ја имаат проценето вредноста на Епл на 1882,9 милијарди долари. Тоа рангирање е направено врз основа на финансиските биланси, информации од пазарот и врендост на марката според мислењето на потрошувачите.