1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Епл им се извини на Кинезите

Епл важи за еден од најзатворените концерни во светот. Јавната критика во минатото не „допираше“ до Епл. По смртта на Стив Џобс концернот малку се подотвори. Тоа го покажува и примерот на Кина. Епл се извинува!

Извинувањето следуваше бргу и се чини ги „испегла“ недоразбирањата. Откако Епл беше обвинет дека не им дава доволно гаранции на муштериите во Кина, шефот на концернот Тим Кук се обрати директно до купувачите. Тој рече дека се работи за „недоразбирање“ и „недостиг на комуникација“ и вети дека Епл отсега ќе биде повеликодушен. „Се извинуваме искрено“, напиша Кук на интернет страницата на концернот. Епл во Кина беше жестоко критикуван дека кинеските муштерии ги третира полошо од останатите купувачи во светот и дека не им дава доволно долги гаранции. Сега шефот на Епл нареди гаранцијата за  iPhone 4 и 4S во Кина да биде продолжена за уште една година, а повеликодушни се и правилата за замена на оштетените апарати. Порано можеа да се заменат само оштетените делови или цел апарат ако за тоа се доплати, а отсега во случај Ајфонот да се расипе додека има гаранција, тој ќе биде заменет со нов.

Ова е нов Епл, или како што американските медиуми го нарекуваат Епл 2.0. По смртта на легендарниот основач на фирмата и шеф на Епл, Стив Џобс, пред

Apple IPhone 5

Тим Кук го подотвори Епл

година и половина, неговиот наследник Тим Кук малку го подотвори концернот. Тој повеќе пати излезе пред публика и стоеше на располагање за одговор и разговор. На критиките од страна на муштериите и инвеститорите реагираше брзо и во многу случаи - пресретливо.

Кук е такаречи принуден да го „отвори“ претпријатието, зашто времињата на голем пораст, какви што доживеа Џобс, се чини се минато. Тоа го покажува и курсот на акциите, кој е многу под својата рекордна височина. Луѓето во индустриските земји веќе имаат еден смартфон или таблет-компјутер. Во земјите во забрзан подем Епл мора да се бори против поевтините конкуренти. Кинеските муштерии профитираат од тоа.