1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Епл загуби 50 милијарди долари за неколку минути

Калифорнискиот електроконцерн во божикниот период продаде ајфони и ајпеди како никогаш претходно. Но, експертите очекуваа уште повеќе, што веднаш го нотираше берзата, каде дојде до пад на вредноста на акциите.

Американската компанија Епл забележа рекордна продажба на смартфоните, во споредба со лани, од почетокот на октомври до крајот на декември се продадени 47,8 милиони, како и 22,9 милиони таблети.

Епл со тоа постигна и рекорден обрт, пораст за 18 проценти, на 54,5 милијарди долари. Но, компанијата има и растечки трошоци за развој и маркетинг за бројните нови производи, поради што добивката стагнира на досегашната рекордна од 13,1 милијарда дилари.

Покрај сите успеси, акциите на Епл на берзата забележаа пад од шест проценти. Причината е што некои аналитичари очекуваа уште подобри резултати во продажбата. Од Епл не потклекнуваат ни пред конкуренцијата и скептичарите, кои се‘ погласно се прашуваат дали компанијата веќе не го достигна зенитот-се најавуваат нови производи.