1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Епл го презентираше луксузниот Ајфон

Нема веќе тајни: Епл (Apple) ги претстави своите нови ајфони - Ајфон 8 (iPhone 8) и Ајфон Десет (iPhone X).

Во предбожиќниот бизнис Епл влегува со најголемата Ајфон-новина во последните три години. Концернот го презентираше новиот јубилеен модел iPhone X (Ајфон Десет). Неговиот дисплеј ја исполнува речиси сосема предната страна, а скенерот на отпечатоци од прсти е заменет со сензори за распознавање лица - Face ID. Притоа, Face ID има повеќе различни сензори и е тридимензионален, за технологијата да не може да се „измами“ со фотографија. Софтверот, како што нагласи Филип Шилер, шеф на маркетинг во Епл, се прилагодува и на промени, како на пример - ако корисникот пушти брада. Распознавањето на ликот го заменува скенерот на отпечаток од прст не само за отклучување на телефонот, туку се користи и за други работи, како на пример системот на плаќање Епл Пеј. На големиот дисплеј сега нема место за вообичаеното Home-копче.

Освен  iPhone X, Епл ги презентираше и iPhone 8 и 8 Plus, кои надворешно имаат ист дизајн како претходникот, но се опремени со значително помоќни камери и чипови.

Како изгледаат новите смартфони, колку чинат и од кога може да се очекуваат во продавниците, погледнете од видеото:

Гледај видео 01:06

Со сензори за препознавање лик, без кабли

Аудио и видео прилози на оваа тема