1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Енциклопедијата ќе се менува, нема да се повлекува

Македонската енциклопедија нема да биде целосно повлечена туку ќе се вршат само исправки во одредниците. Тоа е ставот од седницата на Собранието на МАНУ на 13.10.09. Идната недела ќе се расправа за финалните заклучоци.

default

Македонска енциклопедија

Академик Ѓеорги Старделов по седницата на Собранието на МАНУ изјави дека расправата била конструктивна и сериозна и ќе овозможи да се најде патот до решението, што како што вели ќе биде автономно. „Јавноста е премногу исполитизирана во однос на оценките што се дадени за нашата енциклопедија. Ние се обидуваме да создадеме свој однос кон неа и тоа го правиме автономно, без каков било притисок на која било политичка гарнитура или политичко влијание“, рече Старделов.

На продолжението на седницата, идната недела ќе се расправа за финалните заклучоци на Претседателството на Академијата и ќе се одлучува дали редакцискиот одбор ќе се менува или ќе се дополни со нови членови.

Првата национална енциклопедија свечено беше промовирана пред еден месец и предизвика реакции, пред се’, од партиите на албанскиот политички блок во Македонија кои оспорија повеќе одредници во публикацијата и побараа корекција и запирање на нејзината дистрибуција.

Автор: АТ/ЖА/миа