1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Енциклопедијата „влезе“ и во парламентот!

Седницата на македонскиот парламент (24.09.2009) , посветена на пратенички прашања, беше во знакот на дебата за спорната Македонска енциклопедија. Премиерот Никола Груевски беше прозван зошто лично ја промовирал.

default

Многу бури за делото на МАНУ

Редакцијата на Македонската енциклопедија ќе изврши ревизија на неколку спорни информации, кои ги вжештија меѓуетничките односи, а предизвикаа и писмени реакции од амбасадата на Велика Британија, со деманти дека нивни специјалци во 2001 година во камповите на ОНА ги обучувале албанските борци. Ова го соопшти главниот редактор на Енциклопедијата Блаже Ристески, кој деновиве беше мета на остри критики, особено од албанската научна јавност и посочен како албанофоб и главен виновник за спорните информации. Во финансирањето на овој мега-проект на МАНУ учествуваа сите досегашни влади од 2004 година, изјави македонскиот премиер Никола Груевски во собраниската дебата по пратеничките прашања.

„Македонската енциклопедија е изработена од МАНУ целосно независно и владата и јас не сме имале допир со содржините. Членовите на редакцискиот одбор на МАНУ се произнесоа за критиките, кажаа дека ќе извршат одредени корекции, така што немам што да додадам за нешто за кое не сум прашан ниту сум учествувал.“

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска