1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Енрико Лета - нова надеж на Италија

Италијанскиот претседател Наполитано за нов мандатар го назчани Енрико Лета. Два месеци по изборите Италијанците се надеваат на коалиција, која ќе го поттикне стопанството.

Нов премиер на Италија ќе биде човек, кој за италијански околности се смета за „рагацо“ односно „момче“. Енрико Лета се’уште нема 50 години и се’уште не бил премиер на Италија.

Иако Лета не стои зад преродбата, на која се надеваат многу избирачи на Демократската партија, но по бламирачкиот избор на нов претседател на Италија, партијата во очите на многумина прави вистински чекор, за конечно формирање на влада. Тоа не му успеа на Пјерлуиџи Берсани, претседателот на партијата, кој во меѓувреме поднесе оставка. Тој вети дека нема да коалицира со партијата на Берлускони ПДЛ и го одржа зборот. Но од пат ситуацијата не најде излез. Него сега мора да го најде Енрико Лета - а тоа не е лесен потфат.

Неопходна е непопуларна политика

Енрико Лета нема многу простор, тој итно мора да преземе делотворни мерки за економските и социјалните проблеми на Италија, кои не смеат да произведуваат никакви трошоци. Тоа ќе биде непопуларна политика, која речиси нема да се разликува од курсот на штедење на преодната влада на Марио Монти. Во неговата прва изјава како номининар шеф на новата илијанска влада Лета ја критикуваше политиката на европските партнери во еврокризата, зборувајќи за „пресилна концентрација на штедењето“, но Лета нема повторно да ја рискира довербата на парнерите како Германија и Франција.

Умешен во преговорите, подготвен за компромиси

Symbolbild Eurokrise Italien

Енрико Лета ќе треба да се справи со тешата економска криза во Италија

Енрико Лета се смета за дипломаат и човек ориенитран кон компромиси. Во неговата политичка кариера, која кај христијано-демократите ја започна веднаш по неговите правни студии досега повеќепати ги покажа своите преговарачки способности. На почетокот на неговите 30-ти години беше министер за европски прашања, а потоа две години одговорен за индустрискиот ресор. Кога беше на власт Романо Проди, Лета беше државен секретар. Оттука, владините активности не му се непознаница, а претставува своевиден компормис меѓу се’ поголемата желба на наслението за нов почеток и повикот на чело на владата да застане искусен водач.

Неговото именување од страна на претседателот Наполитано наиде на одобрување речиси кај сите партии. Само Бепе Грило, кој по парламентарните избори постојано предупредуваше од голема коалиција, но истовремено не беше подготвен самиот да преземе владина одговорност, се потбиваше. Тој вели дека Лета е „големо семејство“ и со тоа мисли на чичкото на Енрико Лета, кој е десна рака на Берлускони. Енрико Лета според сопствени искажувања, речиси нема контакти со чичко му и се движи во поинакви кругови од Силвио Берлускони.

Каков владин модел?

Интересите на партиите во моменталната политичка фаза се различни. Демократската партија дискутира за прашањето дали „најголемиот непријател Берлускони“ навистина смее да соработува. Пред се’ во базата на партијата се чувствува немир. „Владее голема непријатност. Членовите воопшто не се задоволни со она што се случува на национално ниво“, вели Тина Коломба, координатор на Деморкатската партија во Монца.

Во целата земја се свикуваат собири на базата, за да се смират страстите. Затоа многумина се изјаснија за влада со „институционален“ карактер. Тоа значи неместо партиски претставници, министерските функции да ги преземат независни експерти. Тоа воопштно не и’ одговара на партијата на Берлускони ПДЛ. Таа се залага за политичка влада, за на избирачите да им ја демонстрира сопствената моќ. Партијата на центарот на Марио Монти е заинтересирана да продолжи досегашната владина програма, а малата левичарска партија Вендолас СЕЛ, партнер на Демократската партија,  во сонова не би сакала да учествува во голема коалиција.