1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Енергетски самит за Балкан

*

Денеска во Загреб ќе се одржи енергетски самит на земјите од Југоисточна Европа. Гостин на самитот ќе биде рускиот претседател Владимир Путин кој на маргините на средбата ќе има серија билатерални разговори. Собирот, чиј иницијатор е хрватскиот претседател Стипе Месиќ, се одржува под мотото: “Енергијата е стока, но специфична“. На самитот ќе учествуваат претседателите на Македонија, Бранко Црвенковски, на Албанија, Алфред Мојсису, на Бугарија Ѓорги Прванов, на Србија, Борис Тадиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Романија, Трајан Басеску и претседавачот на босанското претседателство Небојша Радмановиќ. Ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија.