1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

ЕМС-тренинг: Мускули со помош на струја

Облечете елек со кабли, притиснете го копчето и добивате мускули. ЕМС-тренингот ветува тело од соништата за рекордно време. Науката е неединствена - дали е ова фитнес на иднината или само форма што залажува?

default

Во едно мало фитнес студио во Минхен Даниела Бунгерт стои целата со кабли на себе. „Се чувствувам како астронаут“, вели таа смеејќи се. За својот прв фитнес-тренинг со струја слабата 31-годишна Даниела носи голем елек со електроди, а околу рацете и нозете има ремени.

Спортскиот тренд со име Електромускулна стимулација, накусо ЕМС, звучи како експеримент на Франкенштајн - струјни импулси треба да ги стимулираат мускулите да постигнуваат врвни резултати за време на вообичаени вежби и така да го направат тренингот поефикасен. За струјата да се распоредува оптимално, Даниела под опремата носи мокра спортска облека. Футуристичката опрема е приклучена на место за команди во висина на колковите.

Голем плус на овој метод е што ЕМС штеди време. Само 20 минути тренинг неделно би требало да се доволни за прекумерните килограми да се топат, а

Bodystreet Fibo Messe 2011

мускулната маса да се зголемува, велат оние што нудат ваков тренинг. Мали студија од ЕМС-синџирот веќе можат да се најдат во секој поголем град во Германија. Само во „Бодистрит“ своето тело од соништата со тренинг на струја се обидуваат да го добијат околу 10.000 луѓе. Бројот постојано расте. Во 2011-та година, според наводи на раководителот на оваа фирма Матијас Ленер, биле отворени 36 нови студија, а планирани се уште 75.

Алберт Голхофер, научник во сферата на спортот, со години се занимава со ефектите на различни тренинзи врз човечкиот нервен систем. Според него, вежбање под струја е добро за оние што сакаат што е можно побргу да добијат мускули и да ги симнат „појасите со сало“. „За формирање на телото е добро“, вели тој. Но, сепак, Голхофер смета дека добивањето мускули од штекер е форма што залажува: „Оној што тренира со ЕМС ќе стане послаб или ќе има повеќе мускули, но нема да ја подобри кондицијата и вкупната фитнес состојба.“

Со оглед на тоа што мускулите се контрахираат со струја, а не од мозокот, моториката не се тренира. „Затоа качувањето по скали или носењето пакети и покрај ЕМС-тренингот не станува полесно“, вели научникот.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Александра Трајковска