1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Емоционална возбуда или одржлив бизнис?

Кога Фејсбук, Групон и Зинга излегуваат на берза, инвеститорите стојат на ред. Таму се вртат астрономски милијади суми на пари. Но, по првата еуфорија стартот на акциите на Фејсбук не беше сјаен.

Кога пред речиси една година на берзата излезе ЛинкдИн, најголемата светска мрежа за одржување на деловните контакти и создавање нови контакти, владееше вистинска треска за нејзините акции. Вредноста двојно им се зголеми за само неколку минути по првата емисија. Уште пред излезот на берза ЛинкдИн номиналната вредност на акциите ја зголеми од 35 на 45 долари. Акциите се распродадени како топло пециво. Нивната вредност постепено се искачи на 122 долари. Тоа беше успешна приказна, како и кај бројните интернет компании при нивниот излез на берза.

Dirk Müller Finanzexperte

Финансискиот експерт Дирк Милер вели дека како инвеститор не би се впуштил во купување акции од Фејсбук

Но, силниот раст на вредноста го следи еден проблем – тој најчесто е со краток век и за неговиот раст често е заслужна фантазијата.

„Кај емоционалните излези на берзата, како што е случај со интернет компаниите, во игра се бројни инвеститори кои немаат поим“, вели Дирк Милер, финансиски експерт и автор на книгата „Кешкурс“.

Токму пред планираниот излез на Фејсбук на берзата илјадници корисници, кои немаат поим за берза и кои никогаш не поседувале ниту една акција, отворија сметка во банка за да купат акции од Фејсбук. Дирк Милер советува на таков начин да не се купуваат акции. „Јас како инвеститор не би се впуштил во таква опасна игра“, вели Милер.

Вредноста на претпријатието – меур од сапуница?

Webfirmen Börsengang

Некои интернет компании веќе го искусија излегувањето на берза

Без оглед дали се работи за емоционални или рационални причини, интересирањето за таквите излегувања на берза е исклучително големо. Во моментов на Вол Стрит владее златна треска. Според новинарските извештаи, банките кои го следат излезот на Фејсбук на берзата сакале уште во вторникот (15.05.) да го запрат примањето на апликации, поради големиот интерес. И покрај тоа, остануваат одредени сомнежи - дали таа социјална мрежа е навистина толку вредна? Дали се заканува, како и пред 12 години, ново пукање на интернетскиот меур од сапуница?

„Сосема е нормално при излезот на берза за кој владее големо интересирање, без оглед на браншата, првата вредност на акциите да биде преувеличена“, вели Томас Книвер, основач на фирмата за дигитално-стратешки советувања „К.пуктНул“. Но, тој не мисли дека овде ќе се работи за меур од сапуница.

„Вредноста на претпријатието е субјективна величина. Факт е дека постои пазар, кој е подготвен тоа да го плати. Меур од сапуница би бил кога многу претпријатија би излегувале на берза и покрај тоа би добивале вредност која е потполно бесмислена“, објаснува Книвер.

Thomas Knüwer digitalen Strategieberatung

Томас Книвер не смета дека интернет-компаниите се меур од сапуница

Но, тоа во моментов не е случај, вели Книвер. Ниту Дирк Милер не гледа систематски меур од сапуница во астрономските вредности на интернетските претпријатија. Тој не смета дека сегашната состојба може да се спореди со пукање на интернетскиот меур од сапуница во 2000-та година.

Зголемен ризик

Иако може да се исклучи состојбата како во 2000-та година, вложувачите мораат да имаат добри нерви. „Интернетските претпријатија имаат поголема ризичност“, вели Книвер и додава: „Нивните модели на работење не се така одржливи како кај другите претпријатија, на пример логистичките“.

Вредноста на акциите на интернет претпријатијата често по првата емисија доживува значајни подеми и падови. Пример е Групон, чија акција во моментов вреди околу 11 евра, што е значително помалку отколку што вредеше за време на емисијата. И интернет радиото Пандора за време на излезот на берза достигна вредност од 2,6 милијарди долари. Но, веќе вториот ден вредноста на акцијата падна под емисиската вредност.

Недоречено е прашањето за заштитата на податоците

Facebook iPad

Корисниците, најчесто без берзанско искуство, чекаат на ред за акции од Фејсбук

Фејсбук наводно има повеќе од 900 милиони корисници. Границите за натамошниот раст се одредени чисто биолошки. Дел од експертите сметаат дека треба да се почека и да се види дали може Фејсбук да се етаблира како сериозен играч на пазарот или, пак, станува збор само за привремен успех, и дали тој потенцијал може да донесе и приход. Но, потенцијалот не лежи во бројот на корисниците, туку во трговијата направена по корисник. На тоа Фејсбук во моментов интензивно работи. Компанијата тестира во моментов начин на плаќање со кој за пари би можело да биде прикажано актуелизирањето на статусот на поголем број корисници.

Но, успехот на Фејсбук е на лабави нозе, бидејќи кај него постојат многу неразјаснети прашања. На пример, само една одлука за заштита на податоците би можела „работниот модел на Фејсбук да го стави ад акта“, предупредува Дирк Милер.