1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Емирот од Катар денеска на средба со Груевски

Емирот од Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, со средби со премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

default

Емирот од Катар , Хамад бин Калифа ал Тани

По средбите е предвидено разгледување на културно-историски знаменитости и посета на Старата скопска чаршија.

Емиерот на Катар престојува во Македонија на покана на претседателот Ѓорѓе Иванов, од кого беше одликуван со орден Осми септември, во знак на признание за неговите напори за мир. На разговорите со Иванов емирот изразил интерес за земјоделските производи од Македонија, соработка во областа на туризмот, енергетиката и финансиите, како и во градежништвото.

Емирот на Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани на средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов во Скопје најавил отворање на амбасада на Катар во Македонија, што позитивно ќе се одрази на развојот на билатералната соработка.

Со посетата на Македонија катарскиот шеик ја почна мини-европската турнеја. Ќе ги посети и Албанија, Полска и Украина.

Автор:ЖА/СН/миа/макфакс

Редактор. Борис Георгиевски

Поврзана содржина