1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ел Садр нема да ги напаѓа шпанските војници во Ирак

Брза реакција на шиитскиот верски водач на најавата на Мадрид за повлекување на шпанските војници следните недели;Американците ги редуцираат силите кај Наџаф

default

Закани и наводни излегувања во пресрет,тоа се противречните сигнали кои речиси истовремено доаѓаат од американската војска и од радикалниот верски шиитски водач Моктада ел Садр.Позитивното:преговарачите на двете страни и натаму се трудат околу мирен крај на опсадата.Американската армија притоа останува на своето-да го фати и убие Ел Садр и да ги уништи неговите милиции.Но таа ги редуцира своите трупи околу Наџаф,потврди американскиот полковник Дана Питард.Специјалните сили околу Наџаф од 2500 војници на третата бригада ќе бидат заменети со 2000 војници од првата тенковска дивизија.

Во градот и натаму владее страв од влегувањето на американската војска.Верските водачи предупредуваат наново дека тоа би водело кон избувнување немири.

Вчера цивилниот администратор на САД Пол Бремер вербално го зголеми притисокот врз Садр и неговите бунтовници.Ако не го напуштат градот,мора да сметаат со решителна акција на американските трупи,рече тој.

Ахмед Чалаби,член на ирачката преодна влада ја анализираше ситуацијата во Наџаф во интервју за ББС вака:таму има луѓе кои не потекнуваат од Наџаф.Тие се вооружени и го контролираат градот,но тешко е во град како овој да се санкционираат воените акции.Ние мора да делуваме кон тоа да ги сотреме овие сили.Но мора да се обидеме тоа да бидат ирачки безбедносни сили,кои можат да ја преземат оваа задача,изјави Чалаби.

Но дека ирачките безбедносни сили можат да ја преземат всушност оваа задача,противречи американската војска.Таа пред кратко соопшти дека Ирачаните сеуште не се на тоа рамниште.Генерал Џон Абизеид, шефот на американската централна команда пред кратко зборуваше за недоверливоста на одредени ирачки единици во борбата против востаниците.А Пол Бремер вчера изјави дека и по преносот на власта на 30 јуни,Ирачаните нема да можат да се заштитат со свои сили.Против заканите од екстремистите им треба помош однадвор.

Шиитскиот свештеник ел Садр пак брзо реагираше на најавата на новата шпанска влада за повлекување на своите војници од Ирак за скоро време.Ел Садр побара од своите приврзеници да не се борат повеќе против шпанските војници,ако тие не ги напаѓаат Ирачаните до повлекувањето.Тој инсистираше другите земји од коалиционите сили да го следат примерот на шпанската влада.

Новиот шпански премиер Хозе Луиз Родригез Сапатеро изненадувачки брзо реши да ги реализира своите изборни ветувања и најави повлекување на шпанските војници од Ирак етапно идните недели.

Американскиот државен секретар Колин Пауел изрази длабока разочараност поради тоа,иако има разбирање за политичките причини.Сапатеро утре патува во Вашингтон. Кондолиза Рајс,советничката за безбедност на американскиот претседател Џорџ Буш во телевизиско интервју рече дека и други држави размислуваат за своите позиции по повлекувањето на шпанските трупи:

-Тоа е целосно меѓународна коалиција,на теренот свои сили имаат 34 земји.Мислам дека ќе има промени.Знаеме дека има и други кои сега наново ги проценуваат ризиците.