1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ел Бaрадеи и Лариџани не постигнаа многу

Денеска истекува рокот на Обединетите нации за воведувањето санкции против Иран, а контроверзите околу позицијата на оваа земја и Запад во спорот околу нејзината атомска програма и натаму се дијаметрално спротивни. Во Виена средба на иранскиот преговарач Али Лариџани со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи. Ново нема ништо.

Шефот на ИАЕА Ел Барадеи не изјави ништо по средбата со Лариџани

Шефот на ИАЕА Ел Барадеи не изјави ништо по средбата со Лариџани

На прес-конференцијата по двочасовните разговори со Ел Барадеи, Лариџани повтори дека Иран е подготвен на преговори, но и натаму не прифаќа предуслови. Според тоа, за Техерн не доаѓа предвид запирањето на спорното збогатување на ураниумот. Тој подвлече дека наишол на големо разбирање од страна на Ел Барадеи, посебно кога станува збор за обновата на преговорите:

„Имавме добри и конструктивни разговори и сосема се согласувам со господин Барадеи дека вклучувањето на Советот за безбедност со нова резолуција не би било конструктивно, туку напротив. Имавме добар разговор за модалитетите на можната обнова на преговорите. Обајцата веруваме дека проблемот може да се реши само со преговори„.

Од страна на агенцијата, по завршувањето на средбата немаше никаков став. Белгискиот министер за надворешни работи Карел де Гухт, кој се сретна со Лариџани веднаш по неговото пристигнување во Виена, само соопшти дека Техеран во овој момент не може да очекува никакви отстапки од страна на Европа.

Разговорите меѓу Лариџани и Ел Барадеи во секој случај беа обид во последен момент да се изврши влијание врз извештајот на ИАЕА, неколку часа пред да истече рокот од 60 дена што го доби Иран од Советот за безбедност. А, според најновите сознанија на агенцијата, Иран во меѓувреме инасталирал најмалку две серии центрифуги што се користат за збогатување на ураниумот.