1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ел Барадеи подготвен да биде премиер

Добитникот на Нобеловата награда за мир Мохамед ел Барадеи се наметна во египетската јавноста како можен премиер на новата преодна влада на земјата.

default

Мохамед ел Барадеи со демонстрантите на плоштадот Тахрир

Поранешниот прв човек на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед ел Барадеи кусо пред почетокот на парламентарните избори во Египет изјави дека е подготвен да се откаже од неговата кандидатура за претседател на државата, доколку биде задолжен да раководи со преодната влада на национално единство.

Ел Барадеи ја даде оваа изјава по средбата со претседателот на Воениот совет на Египет, Хусеин Тантави.

Thousands of Egyptians perform Friday prayers during a rally in Tahrir Square in Cairo, Egypt, Friday, Nov. 25, 2011. Tens of thousands of protesters chanting, Leave, leave! are rapidly filling up Cairo's Tahrir Square in what promises to be a massive demonstration to force Egypt's ruling military council to yield power. The Friday rally is dubbed by organizers as The Last Chance Million-Man Protest, and comes one day after the military offered an apology for the killing of nearly 40 protesters in clashes on side streets near Tahrir over the last week. (Foto:Bernat Armangue/AP/dapd)

За денеска најавени нови демонстрации

Нобеловиот лауреат на членовите на неговиот изборен штаб меѓутоа им нагласил дека е подготвен да ја превземе премиерската функција само ако на неговата влада и бидат доделени посебни овластувања, за да може да ја преброди преодната фаза.

Демонстрантите во Каиро го сакаат Ел Барадеи

По оставката на досегашната преодна влада на чело со Есам Шариф, Воениот совет го назначи Камал ал Ганзури за нов премиер. Најголем дел од египетското население меѓутоа не го прифаќа избор на Ганзури поради неговата блискост со поранешниот претседател на државата, Хосни Мубарак. Политички активисти повикаа денеска на нов протест за да изразат несогласување со  таквата одлука на воените власти.

Демонстрантите во Каиро бараат воените лидери да ја напуштат власта и во повеќе наврати го предлагаа ел Барадеи да ја води државата кон демократски промени. Утре (28.11.2011) во Египет ќе се оддржат  парламентарните избори, први од соборувањето од власт  на долгогодишниот претседател Хосни Мубарак  во февруари годинава.

Автор:СН/ЖА/ртр/дпа/ап

Редактор: Ж. Ацеска