1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Елцин – погреб

Со миса за смртта започнаа погребните манифестации за починатиот поранешен претседател на Русија, Борис Елцин. Во московската катедрала на Спасителот Христос, се собраа неговите роднини и почитувачи, а присуствуваат и голем број гости од светот. Покрај германскиот претседател Хорст Келер, на погребот присуствуваат и поранешните американски претседатели Џорџ Буш сениор и Бил Клинтон. Пеку целата ноќ илјадници луѓе дојода во катедралата да му оддадат последна почит на на Елцин кој почина во понеделникот на 76-годишна возраст. Неговиот наследник Владимир Путин денешниот ден го прогласи за ден на жалост во целата земја.