1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Елтон Џон ја озакони својата хомосексуална врска

Британската музичка ѕвезда Елтон Џон денеска стапи во брак со својот долгогодишен партнер Дејвид Фрниш . Славната двојка на тој начин им се придружи на стотиците хомосексуални двојки во Англија кои ги користат предностите на новиот закон за официјализирање на нивните врски .

Дејвид Фрниш и Елтон Џон по венчавањето

Дејвид Фрниш и Елтон Џон по венчавањето

Елтон Џон и Дејвид Фрниш се венчаа на обична граѓанска церемонија во кралскиот град Виндѕор , западно од Лондон , во истата зграда каде што во април во брак стапија наследникот на британската круна принцот Чарлс и Камила Паркер Болс.

Десетици новинари и фоторепортери од сите страни на светот се собраа во центарот на Виндѕор , а и стотици обожуватели на музиката на Елтон Џон да ја проследат како што британските медиуми ја нарекоа свадбата на годината во шоубизнисот.

Елтон Џон по завршувањето на церемонијата кратко им се заблагодари на насобраните обожуватели додека пред излегуваше оод општинската зграда држејќи го за рака својот сопружник и двајцата облечени во традиционални црни костуми. Инаку единствените сведоци на венчавката беа родителите на двајцата партнери .

„Елтон Џон е толку славен , тој им направи голема услуга на хомосексуалците со гласното говорење за нивните проблеми“ – вели 66 годишниот Боб Чарлс кој истотака планира во февруари да ја озакони својата долгогодишна врска со Рој Вилијамс .

Чарлс ќе ја проследи свадбата на Елтон Џон истакнувајќи дека тоа ќе преставува голем чекор напред со оглед дека хомосексуалците во Велика Британија воделе кампања за ваква законска легислатива од крајот на 60-те години.

Инаку скромната попладневна венчална церемонија на Елтон Џон и Дејвид Фрниш , вечерва ќе прерасне во свадбена забава за 700 гости на која ќе бидат присутни и ѕвездите Џорџ Мајкл и Викторија Бекам.