1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Елката од Витлеем

Витлеем и Божик - две работи што некако си припаѓаат една на друга. Во градот доаѓаат туристи од цел свет. Само на празникот се очекуваат повеќе од 50.000 посетители.

default

Фотографија за сеќавање пред свечено украсената елка. Божик во Витлееем за сите посетители е нешто посебно:

„Секогаш е полно, времето е убаво. Овде може да се доживее дека ова е многу специјално место“, вели Улрих Ничке, посетител од Германија.

Посетител од Мексико, пак, раскажува:

„Доаѓаме од Мексико за да ја видиме Светата Земја и да ги посетиме местата кои се многу значајни за нас католиците. Многу е возбудливо да се биде овде.“

„Ова е убаво место, бевме во една од најстарите цркви и видовме толку многу работи. Го видовме и местото кадешто е роден Исус“, вели жена од Нигерија.

Bethlehem, Bethlehem Kirche, Christen glauben in dieser Grotte sei Jesus geboren, Weihnachten

Според преданијата, овде е роден Исус

Во Витлеем, во мала пештера, според преданијата, е роден Исус. Базиликата на Исусовото раѓање, во раниот христијански период, била изградена над пештерата. За многумина туристи тоа е врв на нивното патување во градот. На Божик доаѓаат десетици илјади луѓе. Тие се добредојдени во градот, во кој денес мнозинство се муслиманите. Санабел од Витлеем оценува:

„Божик во Витлеем е многу убав. Христијаните и муслиманите слават заедно. Секој сака да се фотографира пред елката. Атмосферата е убава. Витлеем на Божик е најдоброто нешто.“

Многумина се надеваат дека од градот, опколен со израелски ѕид, ќе биде испратена мировна порака на Божик, за цел свет.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Таниа Кремер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска