1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Елитно училиште за фудбалерки

Во гимназијата Ротенбил, во Саарбрикен, учат девојчиња кои сакаат да станат врвни фудбалерки. Училиштето има поддршка од Германскиот фудбалски сојуз. Како изгледа денот на девојчињата кои сонуваат за светска слава?

Ким Фелхауер има 15 години, Лена Кели Мартин 14. Двете се збудалени по фудбал.

„Убаво е секогаш кога сум со топката, а и тимот што го имаме во моментов едноставо е супер“, вели Лена, а Ким објаснува:

„Спортот е мојот живот. Спортувам секој ден и мислам дека без спорт веќе не можам.“

Лена е осмоодделенка, а Ким е во деветто одделение. Двете се во гимназијата Ротенбил во Саарбрикен. Училиштето има поддршка од Германскиот фудбалски сојуз. Денот на девојчињата им е целосно исполнет.

Ким Фелхауер раскажува:

„Станувам во 6 часот, јадам, потоа одам на училиште или тренираме наутро. Од училиштето директно одиме на пишување домашни задачи, потоа ме земаат, имам тренинг и во девет се враќам дома.“

Настава, секој ден тренинг, понекогаш и наутро и навечер, натпревари во текот на викендот. Распоредите на часови и на тренинг што ги имаат Ким и Лена се усогласени. Маргрет Крац, од Фудбалскиот сојуз на покраината Саарланд, вели:

„Наставниците соработуваат со нас апсолутно добро и не внимаваат само на тоа девојчињата да ги подобрат своите оценки на училиште, туку се радуваат и кога тие ги подобруваат спортските резултати и почнуваат да играат за репрезентацијата.“

Eliteschule für Mädchen in Bad Neuenahr

Кога се на турнир девојчињата понекогаш пропуштаат настава. Но Лена вели дека тоа не пречи: „Тоа не е често, не сум секоја недела отсутна по еден ден или слично. Тоа е само понекогаш. Потоа соучениците ми кажуваат што учеле и можам брзо да го совладам пропуштеното.“

Ким, пак, оценува:

„Нема предмет во којшто сум многу слаба, но нема ниту предмет, освен спорт, за кој би рекла дека сум шампион.“

Двете имаат малку слободно време. Ким вели:

„Не е лесно да се стане и да се тренира, но тоа носи нешто, па оттука...“

Лена додава: „Не можам да кажам дека немам воопшто време, но ако сакаш успешно да се занимаваш со ова, мора да се жртвува време.“

Нивен сон е да заиграат на светско првенство. За таа цел тренираат напорно.

Поврзана содржина